Познати

МУВА НЕ СМЕЕ ДА ПРЕЛЕТА: Цеца со побројно обезбедување од премиерот Ковачевски на Светскиот ромски бал, еден „кикс“ и двојно ќе наплати според договорот (ВИДЕО)

МУВА НЕ СМЕЕ ДА ПРЕЛЕТА: Цеца со побројно обезбедување од премиерот Ковачевски на Светскиот ромски бал, еден „кикс“ и двојно ќе наплати според договорот (ВИДЕО)

Пред два дена во Скопје се одржа 44-то издание на Светскиот ромски бал каде како најголема ѕвезда беше најавена Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Пејачката за да дојде на овој настан имала огромен список на барања кои требало да ги исполнат организаторите.

Имено според изворите до кој дојде Курир, Цеца барала од организаторите да не направат никаков „кикс“ и дека доколку се случи тоа ќе платат двојно пари од сумата која ја искеширале за неа.

Пејачката била платена 50.000 евра за 50 минути, што значи 1000 евра од минута земала Цеца за настапот пред публиката во хотелот Александар Палас.

Во договорт стои и дека на вакви настане не дава изјави пред ниту еден медиум, како и фотографирањето со фановите или организаторите е недозволиво.

Па така дел од организаторите беа разочарани што Цеца не ги испочитувала и не се фотографирала со нив.

Освен тоа при влез во салата можеше да се забележи како ја чува обезбедувањето буквално „мува не смееше да прелета“ додека се избутка таа кон сцената.

За мал пример само некое време птетходно на балот пристигна и премиерот Димитар Ковачевски со видно мало и „скромно“ обезбедување од она на пејачката.

To top