На пријателскиот турнир во Винтертур за најкорисен играч беше избран Филип Кузмановски.
Капитенот на Македонија одигра одлично во трите натпревари и постигна вкупно 17 погодоци. По добивањето на ова признание, Кузмановски го анализира одиграното и го најави она што следува.
„Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчите за борбеноста на овој турнир, мислам дека тие се најзаслужни за мојата награда. Нашите цели што ги замисливме пред почетокот на турнирот ги исполнивме. Формата ни расте, а имаме доволно време да се подготвиме за тоа што не очекува на Европското првенство во Данска.
Некои детали ќе треба да се поправат пред стартот на шампионатот. Се обидовме со некои формации во одбраната. Имаме и некои новости како ќе им парираме на противниците, ама клучна треба да ни биде одбраната. Треба да бидеме борбени, да играме еден за друг како што одигравме во второто полувреме со Украина и во дуелот со Швајцарија. Наш адут треба да бидат нападите од полуконтрата. Оваа репрезентација треба да трча, мислам дека сме максимално подготвени и ќе одговориме на предизвикот“, изјави Кузмановски.