Фудбал

Сака во Арсенал ќе остане до 2031 година

Сака во Арсенал ќе остане до 2031 година

Англискиот репрезентативец Букајо Сака се согласил на петгодишно продолжување на договорот со Арсенал, објави „Скај Спортс“.

Тековниот договор на Сака истекува во јуни 2027 година, но според британските медиуми, Арсенал му понудил нов договор со подобри услови што ќе го задржи во лондонскиот премиерлигаш до 2031 година.

Дваесетичетиригодишниот Сака е производ на академијата на Арсенал и во изминатите осум сезони одигра 290 натпревари за лондонскиот клуб, постигнувајќи 77 голови.

Арсенал ги обнови договорите со неколку клучни играчи, вклучувајќи го и централниот дефанзивен тандем Вилијам Салиба и Габриел Магаљаеш, како и со уште двајца таленти од академијата кои се дел од првиот тим – Итан Нванери и Мајлс Луис Скели.

To top