Со дополнителна опрема спремни сме за зимски интервенции, информираа попладнево од јавното претпријатие „Комуналец“ од Неготино.
– Иако кај нас се уште го нема, околу нас, на север и северозапад од нас, снегот заврна и како и секогаш, прави проблеми. Ние во „Комуналец“ се подготвуваме и спремни сме доколку се јави потреба да се справиме со овој зимски предизвик, соопштија од претпријатието.
Оттаму истакнаа дека сега се уште поподготвени од минатата година.
– Покрај веќе постојните машини и алати за зимски интервенции, сега сме обезбедени со уште два ножа како приклучни машини за тракторите за туркање на снегот. Покрај постојните кои се монтираат на камионите како и багерот кој може да се користи за таа намена, вклучително и приклучните машини за расфрлање на сол и ризла, мислиме дека сме спремни да одговориме на предизвиците и да ги решиме сите евентуални проблеми во зимски услови, нагласија од неготински „Комуналец“.
Иако кај нас сеуште го нема, околу нас, на север и северозапад од нас снегот заврна и како и секогаш прави проблеми. Ние…
Posted by Ј.П.Комуналец Неготино on Петок, 9 јануари 2026