Македонија

НА ОВИЕ МЕСТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА КАМИОНИ – снегот прави проблеми и за автомобилите на овие патни правци во Македонија

НА ОВИЕ МЕСТА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА КАМИОНИ – снегот прави проблеми и за автомобилите на овие патни правци во Македонија

Патот од Гостивар кон Стража (Кичево) и Маврово (кон Дебар) е затворен за тешки моторни возија, информираат од АМСМ утрово. Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ потсетуваат дека на 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година.

To top