Македонската машка ракометна селекција веќе е во Винтертур Швајцарија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров го одработија тренингот во пресрет на пријателскиот меч против селекцијата на Бахреин.
Јасно е дека тренингот се одработи во максимална работна атмосферам, а свој коментар за самиот тренинг и за дуелпт со Бахреин, имаше Жарко Пешевски.
“После секое вакво тешко патување, кратко е времето за одмор, но максимално се подготвивме, иако времето беше кратко, максимално се подготвивме за овој тренинг и го дадовме максимумот. Се надевам дека ги исполнивме барањата од селекторот“ посочи нашиот репрезентативец.
“На овој турнир ќе настапат репрезентации кои ги респектираме и кои че ни дојдат многу добро да се подготвиме за ЕП. Бахреин е репрезентација за почит, но си имаме свои планови за иднина. Резултатот и не е толку битен, фокусот на нашата игра, да се покажеме во одлилчно издание и да ги намалиме сите тие недостатоци што сме ги имале во минатото и да бидеме подобри во иднина“ заврши Пешевски.