Кадетската машка ракометна репрезентација забележа победа во првиот пријателски натпревар против селекцијата на Црна Гора.
Натпреварот се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
Нашите млади ракометари доминираа и славеа со убедливи 36-21. На овој дуел шанса за настап добија сите ракометари.
Реванш-натпреварот против истата селекција се игра повторно во Скопје, каде кадетите ќе имаат уште една можност да ја покажат својата форма и квалитет