Словенечкиот ски-скокач Домен Превц продолжува со доминацијата на престижната турнеја „Четири скокалници“, откако убедливо триумфираше и на натпреварот во Гармиш-Партенкирхен.
По победата во Оберсдорф, Превц уште еднаш покажа дека е во одлична форма и дека моментално нема вистинска конкуренција.
Со одлични скокови во двете серии, Превц ја обезбеди победата со голема разлика во однос на ривалите, оставајќи ги зад себе австриските натпреварувачи Јан Херл и Штефан Ембахер.
Неговата стабилност, должината на скоковите и сигурните доскокувања му донесоа нов максимален број поени и дополнително го зацврстија водството во генералниот пласман.
По двата воведни натпревари, словенечкиот ас е во одлична позиција пред продолжението на турнејата во Инсбрук и Бишофсхофен, каде ќе се решава конечниот победник.