Ракомет

Нејц Цехте го откажа настапот на ЕП

Нејц Цехте го откажа настапот на ЕП

Словенечката ракометна репрезентација ќе патува на Европското првенство без Нејц Цехте, кој го извести селекторот Урош Зорман дека нема да учествува поради семејни обврски.

Искусниот десен бек нема да е единствениот кој ќе отсуствува од континенталниот собир, затоа што своето учество веќе го откажаа Блаж Благотиншек, Борут Мачковшек, Миха Зарабец, Матиќ Грошељ, Тадеј Кљун, Митја Јанц и Јака Малус.

Словенија на ЕП ќе се натпреварува во групата Д, каде за противници ќе ги има селекциите на Црна Гора, Швајцарија и Фарските Острови.

To top