Свет

Приведени 14 лица во врска со оштетениот телекомуникациски кабел меѓу Хелсинки и Талин

Телекомуникацискиот кабел на компанијата „Elisa“ денеска е оштетен меѓу Хелсинки и Талин, а бродот „Fitburg“, за кој полицијата се сомнева дека е поврзан со инцидентот, денеска по 11:00 часот е ставен под контрола.

Шефот на полицијата на Полисихалитуса, Илка Коскимаки, изјави дека во операцијата се приведени 14 членови на екипажот на бродот, пренесуваат локалните медиуми. Како што се наведува, меѓу приведените членови на екипажот има руски, грузиски, казахстански и азербејџански државјани. Според Коскимаки, бродот во моментов се наоѓа на безбедна локација.

Полицијата наведува дека истрагата е сè уште во почетна фаза. Полицијата во соработка со бродот на Граничната служба ја презела контролата врз бродот и го зазела командниот мост.

– Во тек е истрага за тежок прекин на телекомуникациите и обид за тешка саботажа, соопшти финската Гранична служба.

Шефот на Граничната служба, Марку Хасинен, рече дека информациите за оштетениот кабел пристигнале до Граничната служба рано наутро од компанијата „Elisa“.

– Од самиот почеток бевме во контакт со нашите естонски партнери, изјави тој.

To top