Македонија МЖ Транспорт

Вистинска празнична авантура: Новогодишен воз на 2, 3 и 4 јануари

Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, а специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија. 

Вистинска празнична авантура: Новогодишен воз на 2, 3 и 4 јануари

Нашиот новогодишен воз ќе продолжи да сообраќа носејќи насмевки и незаборавни моменти за најмалите и за целото семејство, соопшти денеска МЖ Транспорт.

Во возот, посочуваат, ве очекува вистинска празнична авантура, а специјален гостин ќе биде Дедо Мраз, кој ќе ги поздравува децата, ќе дели радост, топли желби и новогодишна магија.

Тремините за сообраќај на овој воз се:

На 2.01.2026 од станица Скопје во 18:00, 20:30 и 21:00 часот

На 3.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот

На 4.01.2026 од станица Скопје во 13:30, 18:00, 20:30 и 21:00 часот.

– Патувајте со нас, доживејте ја атмосферата на Новата година и создадете спомени што ќе се паметат долго! Новогодишната магија не завршува, таа продолжува со нашиот празничен воз, велат од МЖ Транспорт.

Најнови вести од Македонија

To top