Во пресрет на новогодишните празници, „Мастербет“ реализираше хуманитарна акција за поддршка на ЈУОДГ „Мајски цвет“ – објект Тафталиџе.

Во рамки на донацијата се обезбедени 10 инвертер клима-уреди, со цел обезбедување оптимални услови за престој во текот на целата година; 3 диспензери за вода, за подобрување на секојдневната хигиена и практичност во објектот; 250 новогодишни пакетчиња во пресрет на Новогодишни и Божиќните празници.

Како знак на благодарност за поддршката на компанијата и беше доделена официјална благодарница од страна на установата.
Со донацијата, компанијата уште еднаш ја истакна својата долгогодишна посветеност кон заедницата и одговорното општествено делување.
