Останати спортови

Превц победи во Оберздорф

Превц победи во Оберздорф

Турнејата „Четири Скокалници“ започна онака како што најавуваше формата во Светскиот куп – со апсолутна доминација на Домен Превц.

Лидерот во генералниот пласман ја оправда фаворитската улога и со супериорни скокови стигна до убедлива победа на отворањето во Оберсдорф, Германија.

Превц славеше со огромна предност од 17.5 поени пред минатогодишниот победник на турнејата, Даниел Чофениг од Австрија, додека третото место му припадна на домашниот натпреварувач Феликс Хофман.

Турнејата продолжува на 31 декември со квалификациите во Гармиш-Партенкирхен.

To top