Кошарка

НБА ги одреди суспензиите за тепачите Алварадо и Вилијамс

НБА ги одреди суспензиите за тепачите Алварадо и Вилијамс

Националната кошаркарска асоцијација експресно ги определи суспензиите за Хосе Алварадо и Марк Вилијамс кои разменија удари среде мечот на нивните тимови ноќта меѓу саботата и неделата.

НБА го суспендираше бекот на Њу Орлеанс Пеликанс, Хосе Алварадо, на 2 натпревара, додека центарот на Финикс Санс, Марк Вилијамс, е суспендиран на 1 натпревар, по нивната тепачка во саботата навечер, објави ESPN.

Да се ​​потсетиме дека во текот на третата четвртина, по прекршок на ситниот бек на Пеликанс, Хосе Алварадо, Марк Вилијамс дофрли нешто што целосно го разбесни домашниот играч.

To top