Фудбал

Сари опериран

Сари опериран

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари (66), беше подложен на мала операција на срце, објави денеска римскиот клуб.

„Тренерот Маурицио Сари, по дијагностицирањето на атријална фибрилација, беше подложен на катетер аблација со употреба на PFA технологија во поликлиниката Тор Вергата. Постапката, спроведена од професор Андреа Натале, меѓународен пионер со над триесет години искуство во лекувањето на оваа состојба, беше успешна“, соопшти клубот.

Италијанските медиуми објавија дека станува збор за рутинска процедура и дека се очекува 66-годишниот Сари да ги продолжи своите редовни обврски во наредните денови.

Лацио е осмопласиран во Серија А, а нивниот следен натпревар е во недела кога ќе го пречека третопласираниот Наполи

Поврзани теми

To top