Советот на Општина Македонска Каменица на денешната седница донесе одлука за прогласување на тридневна жалост.
-Советот на општина Македонска Каменица прогласува тридневана жалост на подрачјето на општина Македонска Каменица поради смрт на нашата сограѓанка Симона Каранфиловска од Македонска Каменица. Деновите 30.12.2025 година, 31.12.2025 година и 01.01.2026 година се прогласуваат за денови на жалост. Се одлагаат сите настани од забавен карактер организирани по повод Новогодишните празници, се вели во одлуката.
Државните знамињата пред јавните институции ќе бидат спуштени на половина копје.