Познати Со тим од 50 вработени во Париз и 300 работници на повеќе локации

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

И по нејзината смрт, од Фондацијата најавија дека ќе продолжат „повеќе од кога било“ да го спроведуваат нејзиното дело. „Нејзиното наследство останува живо преку активностите што ќе ги спроведуваме со иста страст и верност кон нејзините идеали“, соопштија тие.

Фондацијата Брижит Бардо ја продолжува мисијата на актерката

Од мала и скромна просторија во познатата куќа Ла Мадраг (La Madrague), до светски позната, Фондацијата на актерка Брижит Бардо продолжува со заштита на животните и по смртта на актерката.

Фондацијата Брижит Бардо, основана од француската актерка во 1986 година во Сен Тропе, е посветена на заштита на диви и домашни животни во Франција и ширум светот, а  денес е една од најзначајните организации за правата на животните.

И по нејзината смрт, од Фондацијата најавија дека ќе продолжат „повеќе од кога било“ да го спроведуваат нејзиното дело. „Нејзиното наследство останува живо преку активностите што ќе ги спроведуваме со иста страст и верност кон нејзините идеали“, соопштија тие.

Со тим од 50 вработени во Париз и 300 работници на повеќе локации, фондацијата управува со центри во Нормандија и Дордонија, а истовремено спроведува и меѓународни проекти во 70 земји, вклучувајќи спасување животни и заштита на загрозени видови.

Бардо била активна до крајот на животот, учествувајќи во работата на Управниот одбор и барајќи укинување на сурови практики, како ловењето и борбите со бикови. Во соопштението се наведува дека Фондацијата продолжува со борба за забрана на присуство на малолетници во борби со бикови и укинување на консумирање коњско месо. (МИА)

To top