Македонија Автор на речникот е проф. д-р Гоце Цветановски

Прв македонски етимолошки речник во издание на Институтот за македонски јазик

На прес-конференција најавено е обраќање на директорката на Институтот проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и на авторот проф. д-р Гоце Цветановски. 

Прв македонски етимолошки речник во издание на Институтот за македонски јазик

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ денеска на прес-конференција ќе информира за објавувањето на првиот том од првиот Македонски етимолошки речник.

Автор на речникот е проф. д-р Гоце Цветановски.

– „Македонскиот етимолошки речник“ е од особено значење за македонскиот јазик бидејќи претставува научно втемелено сведоштво за историскиот развој на македонскиот јазик, нуди научно аргументирана анализа на потеклото на македонските зборови, поставени во поширок словенски и индоевропски контекст. Речникот е придонес кон јакнење на научната и на културната самосвест и претставува достоен промотор за меѓународна афирмација на македонскиот јазик како самостоен словенски јазик со сопствена историска и етимолошка традиција. Со тоа, Речникот се вградува во темелите на македонското културно и научно наследство и претставува дело со трајна вредност, велат од Институтот.

На прес-конференција најавено е обраќање на директорката на Институтот проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и на авторот проф. д-р Гоце Цветановски.

Најнови вести од Македонија

To top