Фудбал Серија А

Наполи со два гола на Хојлунд до триумф, Елмас беше стартер

Фудбалерите на Наполи попладнево постигнаа важна победа на гостински терен совладувајќи го Кремонезе со 2:0 во дуел од 17.коло. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер и одигра 51.минута за победничката екипа.

Јунак на дуелот беше Расмус Хојлунд, кој постигна два гола во 13 и 45.минута.

Наполи со новите три бодови има вкупно 34 бодови и е на второто место или еден помалку од лидерот Милан – 35, кој во првиот натпревар од денешната програма ја совлада Верона со 3:0.

Но, доколку Интер победи во вечерниот дуел од Серија А на гости кај Аталанта ќе ги мине двете екипи на табелата.

To top