Најдобриот шутер на Лос Анџелес Лејкерс, Остин Ривс, се повреди за време на натпреварот против Хјустон Рокетс.
Хјустон славеше убедлива победа и на своите навивачи им приреди вистински божиќен подарок, додека Лејкерс заминаа од паркетот видно разочарани и поради резултатот и поради здравствените проблеми во тимот.
Дополнителен удар беше повредата на Ривс, кој почувствувал болка во листот на левата нога и не излезе на теренот во второто полувреме.
Ривс оваа сезона бележи просек од 27 поени по натпревар, втор стрелец е во тимот и важи за најсигурна шутерска опција на Лејкерс.