Трагична несреќа се случи во ски-центарот Савин Кук во северна Црна Гора: Поранешниот дефанзивец од втората лига, Себастијан Хертнер, паднал од 70 метри од жичарница за време на зимскиот одмор.
34-годишникот Хертнер и капитен на ЕТСВ Хамбург, трагично почина на 21-ви декември 2025 година, каде што беше на одмор со сопругата, известуваат германски и црногорски медиуми.
Несреќата се случила кога жичарницата со која се возел Себастијан доживеала технички дефект и се откачил кабелот.
Хертнер починал на самото место поради сериозноста на ударот, додека неговата сопруга преживеала со повреди. Локалните власти во Црна Гора заедно со колегите од Германија, водат истрага за да ги утврдат причините за инцидентот.