Хроника

Кумановец уапсен на граница, полицијата пронашла стари монети

Кумановец уапсен на граница, полицијата пронашла стари монети

На Граничен премин Табановце, на влез во државата, вчера вечерта полициски службеници го лишија од слобода Ф.С.(39) од Куманово.

П-ри гранични проверки и контрола во возилото „фиат“ со швајцарски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 271 монети со различни големини и форми, кои потекнуваат од различни временски периоди, информира МВР.

Лицето е задржано во Полициска станица и за настанот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 266Б од Кривичниот законик – „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости“.

To top