Ракомет

Познат составот на Црна Гора за ЕП

Познат составот на Црна Гора за ЕП

Селекторот на црногорската ракометна репрезентација, Дидие Динар, го објави списокот на повикани играчи за претстојното Европско првенство, каде ќе учествува и селекцијата на Македонија

На списокот се најдоа голманите Харис Суљевиќ и Саво Вујовиќ, крилата Милош Вујовиќ, Александар Бакиќ, Филип Вујовиќ, Мирко Радовиќ и Лука Радовиќ.

Кружни напаѓачи се Миодраг Чорсовиќ, Лука Вујовиќ, Адмир Пелидиј и Михајло Шкекиќ, а во бековската линија, покрај Борозан, ќе ги гледаме уште Радојица Чепиќ, Милош Божовиќ, Стеван Вујовиќ, Милорад Бакиќ, Арсеније Драгашевиќ, Василије Калуѓеровиќ, Бранко Вујовиќ, Стефан Чавор и Ристо Вујачиќ.

Црна Гора на континенталниот собир ќе настапи во групата Д, каде ќе има силни противници во селекциите на Словенија ,Швајцарија и Фарските Острови.

To top