Македонија

Обвинителство за случајот „Пулс“: Причината за смртта на секој од починатите е неоспорно докажана

„Наодите од обдукцијата укажуваат дека станува збор за комбинација од јаглерод моноксид и други токсични гасови. Поради сомнежи за вонредната токсичност на гасовите што се појавија по пожарот во „Пулс“, јавните обвинители од самиот почеток инсистираа на сите издадени наредби и побараа од експертите да го искажат своето мислење во врска со составот на вдишаните супстанции што беа последица на пожарот.

Обвинителство за случајот „Пулс“: Причината за смртта на секој од починатите е неоспорно докажана

Откако Здружението на граѓани „16 март 2025“ алармираше за сериозен јаз помеѓу институционалните тврдења и документацијата за обдукција, што покренува прашања за тоа дали вистинската причина за смртта на жртвите во клубот е доволно утврдена.

Од Обвинителството за „Фокус“ ​​нагласуваат дека причината за смртта на секој од починатите е неоспорно утврдена и кај повеќето од нив таа е резултат на задушување од токсични гасови.

„Наодите од обдукцијата укажуваат дека станува збор за комбинација од јаглерод моноксид и други токсични гасови. Поради сомнежи за вонредната токсичност на гасовите што се појавија по пожарот во „Пулс“, јавните обвинители од самиот почеток инсистираа на сите издадени наредби и побараа од експертите да го искажат своето мислење во врска со составот на вдишаните супстанции што беа последица на пожарот.“

„Ваквите детални испитувања беа неопходни од три приоритетни причини: утврдување на причината за смртта на починатиот, како важна околност за третманот на преживеаните, но и за утврдување на причинско-последичната врска помеѓу дејствијата и последиците, што беше потврдено токму со овие вештачења“, велат од Обвинителството.

Додаваат дека стручните извештаи од Институтот за хемија и анализата од Министерството за внатрешни работи-ОФИ на примероци од сите материјали инсталирани во клубот и начинот на нивното согорување ја потврдиле можноста за ослободување на цијанидни гасови како резултат на пожарот.

Најнови вести од Македонија

To top