Роботот „Олаф“, создаден по истоимениот лик на „Дизни“ е новиот „крик на технологијата“ водена од вештачка интелигенција. Се чини, инженерите од истражувачкиот центар на компанијата, просто, го оживеаја омилениот „снешко“ од поновата ера, т.е. од филмовите „Снежно Кралство“ (Frozen).
Според стручњаците, роботот, сo својата позната насмевка, говорот и мавкањето за поздрав кон луѓето што минуваат, претставувал необичен предизвик. Инженерите, велат, имале задача да направат нешто повеќе од човековиден робот. „Суштеството“ со огромна глава прикачена на мал врат, и само стапала наместо нозе, требало и да чекори онака специфично – од петицата до прстите.
За да ги усовршат движењата на роботот, инженерите ја користеле техниката „засилено ВИ-учење“ во виртуелна средина, во којашто вештачката интелигенција на роботот се надградува врз основа на постигнување на одредена цел преку илјадници симулации.
Со ВИ-учење, системот на роботот научи да ја прилагоди својата положба и движењата, со што се спречува и „топењето“ на илузијата на анимација пред нашите очи. (МИА)