Нов, мизерен обид на СДС да ја скрие вистината за неимарските афинитети во Дубаи поврзани со криминал во Македонија на нивниот лидер во сенка Зоран Заев. Се уште во неверица и паника од јавното признание на другарчето на Заев, Томе Аврамски, дека Зоран со Филипче во пакет гради облакодер од 42 ката во Дубаи, партијата „како змија нозе“ ја крие вистината која ја обелодени Аврамски.
На едноставното прашање, поедноставно здравје, ДАЛИ ЗАЕВ ГРАДИ ОБЛАКОДЕР ВО ДУБАИ, СДС крајно арогантно и патетично одговара дека ВМРО не можеле, или можеби не сакале да сфатат дека Зоран Заев не бил политички активен веќе пет (со букви), нагласуваат 5 години (со бројка потенцираат хејтерчињата од Бихаќка).
На страна што е жива лага целата конструкција, Заев никогаш не престана да ги раководи, прво преку ајванот Таче, сега преку октроираниот Филипче, нешто што го знаат и врапчињата во Македонија. Пилињата од Дубаи уште подобро…
Арно ама, влезени во лош филм, од СДС безобразно и уличарски враќаат:
„Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме.
Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на Македонија – Зоран Заев.“
Прво, тоа дека е слободен, не мора да значи дека така ќе биде уште долго. Второ, не бадијала се крие и гради во Дубаи. Трето, Аврамски кажа дека Филипче има стан таму и бил на градилиштето на 42-катницата со Зоче.
Но, еве, затоа што Заев демек не бил веќе ваш лидер, одговорете за сегашниот уште подемек „лидер“ Венко:
Дали Филипче има стан во Дубаи, колку чини истиот и зошто го нема во неговиот имотен лист. Од каде му воопшто пари за златна виза за која треба да депонира 550.000 долари во истото тоа Дубаи?
Според пазарот на недвижности во Дубаи, цените на „станче“ почнуваат од 200.000 евра па нагоре. Венко, гарант не го купил најмалото, особено не ако е во друштво со градежнички тајкун како вистинскиот лидер Заев, вели логиката.
Одговорот, кој толку мизерно го избегнувате, е повеќе oд едноставен. Прашањето е: ГРАДИ ЛИ ЗАЕВ ОБЛАКОДЕРИ ВО ДУБАИ? Одговорот има три опции:
ДА.
НЕ.
НЕ ЗНАЕМЕ.
Проблемот е што знаете, дека гради. Гарант, имате и адреса во Дубаи. Башка, поголем проблем е што ви ја реди и ви ја финансира и партијата, врхушката и преЦедникот, уште побашка.
Во едно се во право од СДС, последната реченица од нивното луцидно и манипулаторско соопштение во кое очајнички го бранат лидерот од сенка е „гола“ вистина:
„ Вам останува само да одговарате – и тоа пред судот и пред народот!“ Така велат самите, вајстина…
П.С.
Кх, кх, кх. Ви фали едно „ВИ“, во „Вам останува“. Тоа не е само неписменост туку, гарант, резултат од прекумерната употреба на ВИ (вештачка интелигеција, AI) во штанцањето соопштенија. Најхетерското ВИ на планетава, мора да се признае…