На денешен ден, во 2016-та година, на 53 години почина популарниот вокалист Џорџ Мајкл.
Ѕвездата, која беше лансирана во шоу-бизнисот во раните 80-ти, како една половина од дуото Wham!, а продолжи како соло изведувач, замина од овој свет мирно и спокојно во својот дом во Goring – Oxfordshire. Полицијата се изјасни дека немало сомнителни околности.
Michael, роден како Georgios Kyriacos Panayiotou во Северен Лондон, во семејство на кипарски Грк и Англичанка, со синт-поп дуото Wham! од 1982 до 1986-та објави три студиски, а како соло изведувач реализираше пет студиски албуми, продадени во тираж од 100 милиони примероци.
На почетокот на месецов, се обзнани дека со продуцентот и композитор Naughty Boy, Michael работи на својот нов албум. Во 2011 година Michael откажа серија на концерти, откако беше хоспитализиран заради пневмонија. По третманот во Виена, тој театрално се врати во Лондон и изјави дека бил на чекор од смртта. На 14 март 2014 го објави својот финален и единствен live-албум, Symphonica.
Скоро цели три децении е актуелен со “Last Christmas“ од неговиот Wham период.