Maкедонскиот ракометен тренер Раде Стојановиќ и официјално е нов тренер на Ајдовшчина, клуб кој што се натпреварува во второто по ранг натпреварување во Словенија.
Целта на клубот за оваа сезона е враќање во елитата, a токму на тој пат е по половина од шампионатот. Ајдовшчина бележи позитивни резултати сезонава и е на второто место на табелата, но неочекувано беше во потрага по нов тренер.
Досегашниот, Дарко Тавриќ, поради лични причини се реши да го напушти кормилото на тимот, а негов наследник е некогашниот македонски репрезентативец.