Хроника во Струмица

Жена пронајдена почината во езерцето во Градскиот парк

Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина.

Жена пронајдена почината во езерцето во Градскиот парк

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината жена во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Веста за МИА ја потврдија од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. Според пријавеното, на местото излегол јавен обвинител и полициски службеници, а телото на починатата било предадено на судска медицина.

Од полицијата повеќе детали за случајот најавуваат за подоцна.

Теми на денот

To top