Фудбалерите на лондонски Арсенал се пласираа во полуфиналето на англискиот Лига куп откако синоќа го совладаа градскиот ривал Кристал Палас на пенали со 8-7 во четвртфиналниот дуел на стадионот „Емирати“.
Натпреварот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1, а прашањето за победникот беше решено дури во осмата серија пенали.
Трагичар во редовите на Кристал Палас беше Максенс Лакроа чиј удар од белата точка го одбрани Кепа Аризабалага, а францускиот дефанзивец воедно постигна и автогол.
Арсенал ќе игра против Челзи во полуфиналето, додека вториот патник во финалето ќе биде победникот од пресметката меѓу Њукасл и Манчестер Сити.