Ник Кирјиос доби вајлд-карта за камбек на професионалните терени, девет месеци по неговиот последен настап.
Поранешниот финалист на Вимблдон во текот на 2025 година одигра само четири турнири, а во последните три сезони има вкупно пет настапи на АТП турнејата, период обележан со бројни повреди и долги паузи.
Австралиецот, кој има 30 години, помина низ серија операции во 2023 и 2024 година и речиси две години траеше неговото закрепнување, во еден момент дури размислуваше и за повлекување.
Ниту 2025 не помина без проблеми, а единствената победа ја забележа против Мекензи Мекдоналд на Мастерсот во Мајами во март, што воедно беше и негов последен сингл меч во сезоната.
Во август кратко се појави и во дубл на турнирот во Вашингтон, каде заедно со Гаел Монфис беше елиминиран во првото коло.