Драгица Глигорова од Василево е натпреварувач од Тим Зоран – кик бокс клубот, Струмица и на Балканскиот кик-бокс турнир што се одржа во Ниш, Србија освои златен медал. По тој повод таа беше на прием кај градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов.
„Денот започна со прекрасна и инспиративна средба, со нашата Драгица Глигорова. Општина Василево уште еднаш потврдува, дека е вистински расадник на спортски таленти. Со огромна посветеност, труд и спортски дух, Драгица освои прво место во кик бокс, на Балканското првенство во Србија. Горди сме на нејзиниот успех кој е пример и мотивација за младите генерации. Општина Василево секогаш ќе стои зад своите спортисти и ќе им дава силна поддршка на патот кон нови победи“, стои во ФБ објавата на градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, по денешниот прием во неговиот кабинет на кик-боксерката Драгица Глигорова.
🌟 Денот започна со прекрасна и инспиративна средба, со нашата Драгица Глигорова.
🏆 Општина Василево уште еднаш…Posted by Славе Андонов Градоначалник на општина Василево on Вторник, 23 декември 2025