Кошарка

Најавен е стартот на новата европска лига на НБА и ФИБА!

Најавен е стартот на новата европска лига на НБА и ФИБА!

НБА лигата и Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) официјално најавија заеднички проект за создавање нова професионална европска кошаркарска лига.

Во неа ќе учествуваат избрани клубови со загарантирани места, а ќе постои и можност за пласман преку квалификации за екипите од националните првенства.

„Покрај постојаните места, новата лига ќе му понуди на секој клуб од домашните лиги во Европа кои се дел од ФИБА системот пат заснован на резултати до квалификации на годишно ниво, било преку ФИБА Лигата на шампионите или преку квалификациски турнир на крајот од сезоната“, се наведува во заедничкото соопштение на НБА и ФИБА.

Во продолжение се истакнува дека новата лига ќе го усогласи својот распоред со календарите на домашните лиги и репрезентациите, со што ќе им се овозможи на играчите да настапуваат и за клубовите и за националните тимови во текот на целата година.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

 

To top