Ракомет

Кузмановски: Ни следи најубав период во годината – мечевите за Македонија!

Кузмановски: Ни следи најубав период во годината – мечевите за Македонија!

Капитенот на македонската машка ракометна репрезентација Филип Кузмановски е подготвен за нов голем настап со Македонија.

Средниот бек на Е. Пелистер на првиот собир ги сподели очекувањата за Европското првенство (ЕП) кое се игра во јануари.

„Најпрво, среќен сум што пак ќе бидеме дел од репрезентацијата и мислам дека ова е најубавиот дел од годината, кога сите играме и се бориме за Македонија. Пред нас е Европското првенство, имаме тешка група, но и самите имаме свои квалитети и некои шанси. Ќе се бориме, одиме чекор по чекор, имаме доволен период да се спремиме и да анализираме. Ни следат подготогвки и пријателски натпревари, треба да бидеме максимално спремни за овој настан. Оваа селекција е уште позрела од другите години и секоја година покажуваме квалитет.

Македонското првенство исто го подигна нивото на играчите, имаме повеќе дербија и сите играчи што играат во националниот тим имаат свои улоги во клубовите. Тоа ќе биде предност за нас како репрезентација“, изјави Кузмановски.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top