Ракомет „Верувам во овие играчи и оваа селекција“

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех

„Нема да имаме физички подготовки толку, туку играчите да се внесат во оптимална форма како колектив за шампионатот“, посочи Лазаров.

Лазаров означи старт на подготовките за ЕП: Спортски е да се надеваме на успех

Македонската машка ракометна репрезентација ги почна денеска подготовките за настап на јануарското Европско првенство на кое во групната фаза за противници ќе ги имаат Данска, Португалија и Романија.

Селекторот Кирил Лазаров истакна дека репрезентацијата максимално квалитетно ќе се подготви за противниците во групата која ја оцени како исклучително тешка.

„Нема да се жалиме, групата е таква каква што е, не можевме да добиеме поквалитетна група кога сме во трет шешир, Спортски е да се надеваме, да се бориме, да го дадеме најдоброто од на“, рече Лазаров на првиот собир попладнево во Скопје

Македонскиот национален тим првите денови од подготовките ќе ги мине во Скопје, по што на 26 декември ќе замине за Хрватска каде ќе одигра еден контролен дуел со домаќинот. По кус одмор за Новогодишните празници, репрезентацијата ќе тренира во Скопје до 6. јануари, а потоа македонските ракометари ќе учествуваат на турнир во Швајцарија и ќе одиграат натпревари со Бахреин, Украина и Швајцарија.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Одиме ден за ден, чекор по чекор, да се подготвиме добро. Имаме пријателски мечеви до шампионатот, така е направен подготвителниот период со повеќе натпревари, за играчите кои добиваат помала шанса во нивните клубови, да имаме пооптимална форма за првенството. Нема да имаме физички подготовки толку, туку играчите да се внесат во оптимална форма како колектив за шампионатот“, посочи Лазаров.

Настапот на ЕП, избраниците на Лазаров ќе го почнат на 16 јануари против домаќинот Данска во Хернинг.

„Против нас ја имаме Данска која е домаќин, Португалија со ракомет во подем и генерација која созрева. Ние полека ја променивме селекцијата, големиот дел од играчите се истите што настапуваа на Светското првенство. Поискусни за една година. Имаме доволно време и мораме да бидеме умерени оптимисти иако ситуацијата не е таква за да бидеме такви. Романија нема да ја потцениме, имаме максимален респект за нив, се работи за селекција со традиција. Можеби во последно време тимот не е она што беше, но ние ќе имаме почит. Мислам дека ние пополека го градиме тој победнички менталитет. Имаме максимален респект кон сите противници. Се познаваме подолго. Јас очекувам поддршка за овие млади момци надоградени со двајца поискусни играчи над 30 години. Другите се сите под таа возраст. Мислам дека ако тие ја почувствуваат поддршката ќе имаат и поголем оптимизам со позитивен исход. Селекторот е тука, јас сум подготвен за сите критики и да го понесам товарот, но верувам во овие играчи и оваа селекција“, додаде Лазаров.

To top