Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска официјално се собира и ги започнува подготовките за настапот на Европското првенство 2026.
Во наредните денови, македонските ракометари во Скопје ќе се реализира првиот дел од подготовките.

По неколкудневните тренинзи во главниот град, македонската селекција ќе отпатува за Загреб, каде ќе ги продолжи подготовките и ќе одигра контролен натпревар против селекцијата на Хрватска.

Контролниот дуел Македонија – Хрватска е закажан за 28 декември со почеток од 20:30 часот и ќе послужи како важна проверка на формата пред завршниот дел од подготовките.

По Нова година, репрезентацијата кратко ќе тренира во Скопје, а откако ќе бидат дефинирани патниците за Хернинг, експедиција ќе замине во швајцарскиот град Винтертур.

Таму Македонија ќе настапи на турнир од 8 до 10 јануари, на кој ќе одигра натпревари против селекциите на Швајцарија, Бахреин и Украина, по што ракометарите ќе отпатуваат во Данска.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд