Свет

ЕК исплати 2,3 милијарди евра поддршка за Киев и го заврши преместувањето на термоцентрала од Литванија во Украина

Европската комисија и исплати 2,3 милијарди евра на Украина наменети за поддршка на финансиските потреби и јавната администрација на земјата и заврши со успешно целосно преместување на термоцентрала од Литванија на украинска територија, информира денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил.

ЕК исплати 2,3 милијарди евра поддршка за Киев и го заврши преместувањето на термоцентрала од Литванија во Украина

Европската комисија и исплати 2,3 милијарди евра на Украина наменети за поддршка на финансиските потреби и јавната администрација на земјата и заврши со успешно целосно преместување на термоцентрала од Литванија на украинска територија, информира денеска заменикот главен портпарол на ЕК, Олоф Гил.

Исплатата на 2,3 милијарди евра е шесто редовно финансирање во рамки на Украинскиот механизам, клучниот инструмент на Унијата за поддршка на закрепнувањето, реформите и патот на Украина кон членство во ЕУ.

Гил посочи дека од март 2024 година, па досега, ЕУ исплати 26,8 милијарди евра во рамките на Планот за Украина, што одговара на речиси 70 отсто од средствата предвидени во рамките на првиот столб на Украинскиот механизам.

Според ЕК, исплатата следува по успешното спроведување на реформите од страна на Украина во стратешки важните области, вклучувајќи го управувањето со јавните финансии, судскиот систем, финансиските пазари, децентрализацијата и регионалната политика, земјоделско-прехранбениот сектор, управувањето со критични суровини и зелената транзиција и заштитата на животната средина.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Исплатата е извршена врз основа на барањето доставено од страна на Украина на 11 ноември, по што таа беше одобрена од Советот на ЕУ на 11 декември.

Во исто време, според Гил, завршила и најголемата координирана логистичка операција на ЕУ досега со целосното преместување на термоцентрала од Литванија во Украина, со што се придонесува за обнова на критичниот енергетски капацитет и директно се зајакнува украинската национална електроенергетска мрежа по континуираните руски напади врз нејзината инфраструктура.

Операцијата траела 11 месеци и вклучувала префрлување на 149 пратки со вкупно 2.399 тони опрема. Меѓу нив, 40 пратки вклучувале префрлање на трансформатори и статори со тежина од по околу 172 тони секоја.

Клучна улога во целата операција имала Полската владина агенција за стратешки резерви.

Комисијата посочува дека од почетокот на руската агресија за Украина се издвоени над 1,2 милијарди евра за хуманитарна поддршка и на земјата и се доставени над 160.000 тони помош од сите 27 земји членки на ЕУ и од шест земји партнери – Норвешка, Турција, Северна Македонија, Исланд, Србија и Молдавија.

To top