Естонија ќе набави шест системи за повеќекратни ракетни фрлачи и муниција од Јужна Кореја за речиси 290 милиони евра (340 милиони долари), пренесе ДПА.
Се очекува испораките на самоодните оружени системи Чунму да почнат во втората половина на 2027 година, соопшти Естонскиот центар за инвестиции во одбраната (ECDI) во Талин.
– Исклучително сум задоволен што, покрај американските Химарс, сега ќе набавиме и јужнокорејски системи Чунму, со што значително ќе се подобри целокупната способност за одвраќање и одбрана на Естонија и НАТО, изјави министерот за одбрана Хано Певкур во соопштение.
Војната на Русија против Украина во Естонија се смета за директна закана за националната безбедност. Владата како одговор нагло ги зголеми воените трошоци и презема широка модернизација на своите вооружени сили.