Останати спортови

Кобајаши го победи Превц во Енгелберг пред „Четирите скокалници”

Кобајаши го победи Превц во Енгелберг пред „Четирите скокалници”

Словенечката доминација во Светскиот куп доби кратка пауза. На вториот натпревар во Енгелберг, Рјоју Кобајаши ја прекина серијата од пет победи на Домен Превц, искачувајќи се на највисокото скалило на подиумот.

Јапонецот направи вистински подвиг во втората серија. Од петтата позиција, со брилијантен скок од 132 метри и одлични оцени за стил, успеа да го прескокне Превц за само 3.6 поени.

Подиумот го комплетираше Германецот Феликс Хофман со трето место.

To top