Австриецот Марко Шварц приреди вистинска спортска бајка во италијанските Алти, триумфирајќи во велеслаломската трка од Светскиот куп.
Ова е прва победа за Шварц по пауза од точно 1.032 дена во оваа дисциплина, и негов прв триумф воопшто по цели две години исполнети со тешки повреди и долга рехабилитација.
На второто место, со само 0.18 секунди заостанување, заврши сензационалниот Лукас Пињеиро Братхен. Скијачот кој сега се натпреварува под бразилско знаме, покажа зошто е еден од најголемите шоумени во спортот, изведувајќи „супер-човечко“ второ возење кое за малку ќе му ја донесеше победата.
Сепак, најголемото изненадување е шестото место на неприкосновениот Марко Одермат. За првпат по март 2021 година, швајцарскиот маестро заврши велеслаломска трка, а притоа не се искачи на подиумот.
Овој резултат значеше и промена на врвот во генералниот пласман во велеслалом, каде нов лидер е искусниот Австриец Штефан Бренштајнер, кој денеска заврши како трет.