Останати спортови

Тиен славеше на „НексГен“

Тиен славеше на „НексГен“

Американскиот тенисер Лернер Тиен го освои турнирот „ НексГен“ во Џеда. Турнирот, на кој учествуваат најдобрите играчи под 20 години, заврши со триумф на Тиен над Белгиецот Александар Блокс со 4-3/4, 4-2, 4-1.

Моментално 28. играч во светот беше поразен во првиот натпревар од Ходар, пред да влезе во серија и да слави над Ландалузе, Будков Кјаер и Басавареди.

„Многу сум среќен. Оваа година успеав да го постигнам она што го сакав. Имав прилично долг список на цели, успеав да ги остварам повеќето од нив. Навистина сум среќен“, рече Тиен.

Титулата му донесе на Тиен 502.250 долари и тој стана само третиот носител што ја освои титулата, по Циципас во 2018 година и Алкараз во 2021 година. Инаку, пред дванаесет месеци Тиен загуби во финалето од Жоао Фонсека.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Оваа година ја освои својата прва профи титула (Mец), забележа пет победи над играчи од Топ 10 и се искачи на 28. место на АТП.

To top