Официјално е потврдено дека Големата награда на Португалија ќе се врати во календарот на Формула 1 и ќе се вози во сезоните 2027 и 2028 година.
Трката ќе се одржува на патеката во Портимао, која последен пат беше дел од календарот во 2021 година.
Тогаш трката во Португалија се врати привремено поради промените на календарот за време на пандемијата.
Пред тоа, Португалија беше домаќин на Формула 1 трки во периодот од 1984 до 1996 година на легендарната патека Есторил.
Со ова враќање, Формула 1 повторно ќе добие една од најатрактивните и технички најпредизвикувачки патеки во Европа, која во минатото понуди возбудливи трки и незаборавни дуели.