Кошарка

МКК Куманово го победи Работнички,пораз на Пелистер од Кожув

МКК Куманово го победи Работнички,пораз на Пелистер од Кожув

Кошаркарите на Куманово го совлада Работнички со 82:77 и со оваа победа обезбеди директен пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија.

Дуелот во спортската сала во Куманово беше исполнет со неизвесност и борбеност. Работнички, и покрај проблемите со кои се соочува, покажа цврст карактер и до самиот крај беше во игра за победа.

Кумановци ја имаа контролата уште од стартот – на крајот од првата четвртина водеа со 19:17, а на полувремето ја зголемија предноста на 42:37. Во второто полувреме домашните ја одржуваа позитивата и на почетокот на последната четвртина водеа со 64:56.
Гостите не се предадоа и успеаја да се доближат на само еден посед во последната минута (72:75). Сепак, клучните моменти ги одиграа кошаркарите на Куманово. Луковиќ, Димитриевски и Стевановиќ беа прецизни од линијата за слободни фрлања, а последниот со мирна рака постави 80:77 и остави само 12 секунди за конечна одлука. Обидот на Алстон за три поени не беше успешен, а Димитриевски ја потврди победата на домашниот тим.

Најдобри стрелци беа Стевановиќ со 22 поени, Луковиќ со 21 како победникот, односно Рикиќ со 25 поени и 10 скока кај Работнички.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

МКК Куманово – Работнички 82:77
Феникс 2010 – Гостивар 77:56
Ангели – Маџари 77:101
ТФТ – Тиквеш Голден Игл 89:58
Пелистер – Кожув 76-83

(недела)
13.00: МЗТ Скопје Аеродром – Чаир 2030

To top