Останати спортови МТКФ

Дејан Недев ќе одржи ИТКФ карате семинар во Париз

Семинарот се организира на покана на Француската федерација за традиционално карате и претставува значаен меѓународен настан во рамки на ИТКФ.

Дејан Недев ќе одржи ИТКФ карате семинар во Париз

Викендов на 20 и 21 декември 2025 година, во главниот град на Франција – Париз, ќе се одржи ИТКФ карате семинар под водство на Дејан Недев. Семинарот се организира на покана на Француската федерација за традиционално карате и претставува значаен меѓународен настан во рамки на ИТКФ.

Овој семинар е продолжение на традицијата на врвни семинари кои во минатото беа организирани под водство на основачот на ИТКФ и легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Дејан Недев долги години беше негов близок соработник и асистент, а денес ја продолжува неговата мисија, активно придонесувајќи за развојот и ширењето на традиционалното карате ширум светот.

Организацијата на овој семинар во Париз уште еднаш ја потврдува меѓународната репутација на Дејан Недев и неговиот континуиран придонес кон зачувувањето на автентичните вредности на традиционалното карате.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд
To top