Ракомет

Дејан Милосављев потпиша за Киелце

Дејан Милосављев потпиша за Киелце

Српскиот репрезентативен голман Дејан Милосављев си заминува од редовите на Фуксе Берлин.

28-годишниот чувар на мрежата кариерата и официјално ќе ја продолжи во редовите на полскиот гигант Кјелце.

Договорот е веќе постигнат, а Милосављев ќе му се приклучи на новиот клуб по завршувањето на актуелниот договор со Германците, кој трае до јуни 2026 година.

Киелце планира сериозен ремонт на составот по заминувањето на браќата Душебаеви, и ангажманот на искусниот српски голман е дел од стратегијата за враќање во европскиот врв.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Милосављев потпиша договор до 2030 година со можност за продолжување на уште една сезона

To top