Свет

Ласери ја заменуваат четката: Древен римски споменик добива нов изглед (ВИДЕО)

На плоштадот Пјаца колона во Рим, реставратори користат ласерски зраци за да го исчистат мермерниот столб, отстранувајќи ја правта и нечистотијата која со децении го покривала древниот споменик. Споменикот, изграден меѓу 180 и 193 година од новата ера,висок 47 метри прикажува спирални резби со битки водени од римскиот император Марк Аврелиј.

На последната реставрација во 1980 се користеле четки, додека пак, сега се заменети со ласери кои го олеснуваат процесот на обновување.

Фигурите на споменикот прикажуваат сурови сцени од војната: жени со деца повлечени за коса, обезглавени непријатели, коњи во битка како и исплашени заробеници. Покрај ласерите, групата од 18 реставратори користи и хемиски фолии, сунѓери и смола за да ја отстрани нечистотијата и да ги пополни дупките предизвикани од ерозија и мраз.

-Целта е посетителите на споменикот да ја доловат приказната фаза по фаза, сцена по сцена, и да уживаат во деталите, вели Валентин Ниту, реставратор на проектот.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Оваа реставрација е финансирана од Фондот за опоравување, а тука е вклучен и систем за ноќно осветлување на древниот споменик. Обновата беше започната во април и се очекува да заврши во јуни.

To top