Македонија „аман бате, не ме брани“ -нова епизода од „летечкиот циркус на филипче“

Опасно мириса на „играчките“ на Јон: Верувале или не – СДС отвори фронт за ПРАВДА, тие лично ќе ги ОДБРАНЕЛЕ Македонија и Уставот?

Веројатно, пустиот ген-сек на СДС и лева рака на Филипче (Тренческа му е десна, Јон и Сокол советници за затвор и супстанци) не сфаќа колку смешно изгледа кога најкриминогената партија во историјата на Македонија и пошироко зборува за правда и колку за нив би било контрапродуктивно нејзиното вистинско пројавување во Македонија. Повеќе од половина ќе завршат во ќорка, освен можеби оние 5-6 извадени од памет деца кои Филипче ги натопорува зад себе кога држи луцидни прес-конференции, за да даде нијанса на невиност на неговите извитоперени наративи.

Опасно мириса на „играчките“ на Јон: Верувале или не – СДС отвори фронт за ПРАВДА, тие лично ќе ги ОДБРАНЕЛЕ Македонија и Уставот?

Ко слепи за стап, СДС во време кога членовите масовно им мигрираат во ЗНАМ и Левица и натаму ја тераат миграциската прикаска со патетичната претставка до Кацарска и Уставен.

Прво беа лажните вести за криминал на ВМРО-ДПМНЕ, потоа измислија мигранти, а сега трчи-лажи наратив за некакво загрозување нa слободата на говорот. Партијата, каде имагинaрен не е е само осетот за вистина, скрупули, туку и чувството за ниво на дилетантизам, денеска ја олабави Тренчевска, единствената која се согласила да му биде десна рака на Филипче. На поштеда била и Богданка, која многу се изморила од очекувањето на десетиците кривични за клевета поради искажаата серија лаги за измислен криминал.

Затоа, од немајкаде, Венко денеска во погон го стави генералниот секретар кој никој не го познава (не го пишуваме името, токму за да испитаме кому тоа ќе му текне), исто како што никој не познава сериозен човек кој им верува на евтините прикаски, на кои и Тарантино би им подзавидел, а за кои Монти Пајтон би им побарале авторски права. На страна што би ги обвиниле за крш изведбата подобна за Златна Малинка…

Промуќурната лева рака на Филипче (Димитријевиќ се презива), денеска го препрочита потсмешливиот вчерашен текст на другарката Тренчевска и на крајот смисли нешто остроумно:

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„СДСМ отвори фронт за правда!

Нема да дозволиме гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме демократијата, ќе ја одбраниме Македонија.“

Веројатно, пустиот ген-сек на СДС и лева рака на Филипче (Тренческа му е десна, Јон и Сокол советници за она што најдобро го знаат) не сфаќа колку смешно изгледа кога најкриминогената партија во историјата на Македонија и пошироко зборува за правда и колку за нив би било контрапродуктивно нејзиното вистинско пројавување во Македонија. Повеќе од половина ќе завршат во ќорка, освен можеби оние 5-6 извадени од памет деца кои Филипче ги натопорува зад себе кога држи луцидни прес-конференции, за да даде нијанса на невиност на неговите извитоперени наративи.

Уште позабегано звучи кога истите ќе кажат „ќе ја одбраниме Македонија“, држава која им служеше само за полнење џебови, арамилак, аздис, земја на која и го сменија исконското име само за да можат да го прават истото. Исто и одбраната на Уставот, кој додека беа на власт го користеа небаре тоалетна хартија.

Според последните им „акции“, од авион се гледа дека се’ е по налог, сценарио и по умот на црпнатиот им вистински претседател, кој од Дубаи „снима“ и чека кога по смената на Коцевски ќе се отвори случај за него, па во паника им пишува ступидни идеи и сценарија, за да не мисли на она што му следува. Велат, затоа и го вратил Сокол во ИО, за да го навежба како да се снајде во Шутка, искуство веќе заборавено од „Глобал“ и амнестијата од БЦ. Јон Фрчко пак бил задолжен за психичка стабилизација и  смирување на натежнатата совест со неговата широка палета прокурсори и психотропни супстанци. Не бил тој виновен затоа што и по признанието дека шмркал кокаин на Бихаќка (поткрепено со фото) сега е дел од највисокото телона СДС, ИО. Едноставно, таму биле буквалисти, па кога им кажале дека „историјата се повторува“, си сфатиле буквално ајваните. Претходно, Фрле Сениор имаше атентат на претседател како министер за внатрешни, за да по атентатот добие унапредување во министер за надворешни работи?! Не отказ и разрешување, или пак тој да си поднесе оставка, јок. Чуму, пак, со Јон би било поинаку, нели? Дефинитивно, историјата се повторува во СДС, овојпат, додека дотичните итаат кон нејзиното буниште…

Како и да е, велат дека Чом бил во позиција на низок старт, подготвен, конечно, да го изгаси светлото на Бихаќка…

Најнови вести од Македонија

To top