Кошарка

КК Златибор пресилен за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата

КК Златибор пресилен за МЗТ Скопје во АБА 2 лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје го претрпеа вториот пораз во петтиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лига. Македонскиот шампион доживеа убедлив пораз на гостувањето кај Златибор Чајетина, кој славеше со 102-74, откако целосно ја презеде контролата во второто полувреме.

МЗТ одигра одлично прво полувреме и беше рамноправен ривал на фаворизираниот домаќин. „Металците“ минимално ја загубија првата четвртина со 29-28, а во вториот период прикажаа уште подобра игра и во најголем дел имаа резултатска предност.

Сепак, во завршницата од првото полувреме Златибор успеа да направи пресврт и на пауза замина со водство од 54-49.

Во вториот дел од натпреварот домашниот тим целосно го смени текот на играта.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Во третата четвртина Златибор доминираше на двете страни од теренот и со серија поени стигна до убедлива предност, добивајќи го овој период со 23-12.

Во последната четвртина домаќините рутински ја одржуваа разликата и без поголеми проблеми го приведоа натпреварот кон сигурна победа од 102-74.

To top