Македонија

Конститутивна седница на Генералното собрание на ЗЕЛС и избор на ново претседателство

Генералното собрание на Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС) денеска во Скопје ќе ја одржи конститутивната седница.

Како што инфомираат од институцијата, конституирањето на ова тело се одржува во согласност со Статутот на ЗЕЛС, во рок од три месеци по спроведувањето на локалните избори. Делегатите на оваа седница ќе ги изберат членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС и на Надзорниот одбор. Во рамки на овој настан, членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС ќе одржат конститутивна седница на која ќе изберат претседател и двајца потпретседатели, кои воедно го претставуваат и претседателството на ЗЕЛС. Потоа, новиот претседател на ЗЕЛС ќе се обрати пред делегатите на Генералното собрание.

На дневен ред на оваа седница, како што посочуваат, е ставена на разгледување и Предлог -стратегијата на ЗЕЛС за 2026-2030 година, во која е утврдена визијата и мисијата на ЗЕЛС, како и стратегиските цели за следните пет години. Делегатите на Собранието ќе дискутираат и за Финансискиот и за Акцискиот план на ЗЕЛС за 2026 година, како и за други актуелни предизвици, во локалната власт.

Најнови вести од Македонија

To top