Ракометната федерација на Македонија (РФМ) и Халкбанк АД Скопје ја продолжуваат соработката и во 2026 година.
Договорот за продолжување на партнерството денес го потпишаа, Фатих Шахбаз – главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје и Александар Стефанов – претседателот на РФМ.
-Драги пријатели горди сме што сме тука заедно со македонската ракометна федерација во чест на нашата заедничка соработка во 2026 година. Rакометот е еден од најпрепознатливите спортови во земјата и е дел од нејзината спортска традиција.
Преку ова партнерство Халкбанк АД Скопје останува дел од приказната на македонската ракометна федерација и сме многу среќни за тоа. Ви благодарам за постигнатите успеси до сега и се надеваме на уште поголеми успеси во иднината, рече Шахбаз на прес-конференција по повод овој настан.
Задоволство од продолжување на договорот за соработка изрази и првиот човек на федерацијата.
-Ова продолжување на партнерството кое трае од 2018 година значи една меѓусебна поддршка, доверба и заедништво кое се надевам и понатаму ќе носи успеси и позитивни резултати. И во иднина да се радуваме и да бидеме дел од успешна приказна и да ја претставуваме Македонија во најдобро светло.
Македонската ракометна репрезентација во јануари ќе настапи на Европското првенство 2026 во група со кодомаќинот Данска, Португалија и со Романија.